Хелена Роза / Фото: Принтскрин / Фејсбук

Во трка за градоначалник: Хелена Роза е кандидатка на локални избори во Нов Зеланд

Хелена Роза, поранешна водителка и сестра на нашата пејачка Ребека, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд и започна нов живот со своето семејство.

Некогаш често присутна на македонската естрадна сцена, Хелена сега објави на социјалните мрежи дека се кандидирала на претстојните локални избори во Нов Зеланд.

Имено, Роза е кандидатка за градоначалник во општината Норт шор, која е дел од градот Окленд. Со овој потег таа покажа дека добро се вклопила во општествениот амбиент таму, и решила да се ангажира активно во животот на локалната заедница.

„Драги пријатели на Фејсбук. Оваа година имам можност да бидам кандидат за претстојните локални избори во Нов Зеланд, поточно кандидат за општината Норт Шор, која е дел од Окленд. Ако не ви е проблем, притиснете лајк/следете ја мојата официјална страница. Сета ваша поддршка ми значи многу“, напиша Хелена во објавата на нејзиниот Фејсбук.


Инаку, Окленд е голем град и се смета за метропола на Северниот Остров на Нов Зеланд. Има урбано население од околу 1.530.500 жители. Се наоѓа во поширокиот регион на Окленд, област управувана од Советот на Окленд, која ги вклучува оддалечените рурални области и островите на заливот Хаураки. Тој е најнаселениот град во Нов Зеланд и петтиот најголем град во Океанија.

ВИДЕО | Хелена Роза со срцепарателна објава за Зоки Фаци: „Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот