
Во Тетово е уапсена бегалка од „Идризово“ која продавала и држела луѓе како робови
Околу пладне во Тетово е уапсена 39-годишна жителка на градот која избегала од затворот „Идризово“, каде одлежува казна од четири и пол години за кривичното дело „Засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос“, соопшти полицијата.
Препорачано
Според МВР, таа има да лежи уште една и пол година од казната.
„Денеска околу 11:40 часот на бул. „Илинден“ во Тетово од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потрага и од СВР Тетово, од слобода е лишена Н.Х. (39) од Тетово, која била барана со потерница поради бегство од КПД Идризово. Таа е осудена на казна затвор од четири години и шест месеци за сторено кривично дело по чл.418 од КЗ, а за доиздржување има уште една година и шест месеци“, пишува во полициското соопштение.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
26мин
-
30мин
-
33мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5