Фото: Фејсбук, Зоолошка градина Скопје

Во скопската Зоолошка градина угинаа уште две лами од туберкулоза, тврди советникот Кирков

Во скопскаата зоолошка градина починаа уште две лами од туберкулоза, тврди советникот во Град Скопје, Стефан Кирков.

„Поморот во Куќата на стравот продолжува – Во Скопје ЗОО починаа уште две Лами. Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел да некоја “умна” глава превземе нешто за ова што и се случува на оваа установа каде од кога дојде Арсовска на чело на Скопје и со поставувајки ги своите “професионални” кадри за директори во Скопје ЗОО угинаа повеќе од 40 егзотични животни дел од нив под сомнителни околности,“ вели Кирков.

Како што пишува советникот, пред 4 или 5 дена починале две лами за кои, како што вели, неофицијално било познато дека подолго време појавувале симптоми на туберколоза и обвини дека вработените во ЗОО Скопје имале притисок од директорот веста за угинатите животни да не биде јавно објавена.

„Во Скопје ЗОО се случува вистински хаос, од страна на директорот во сенка Стаменов и другиот на хартија Попов е наредено на вработените за смртта на овие Лами да се сокрие и да не се објави, до таму одат што и покрај законската обврска да ја известат АХВ тие тоа не го прават за што АХВ дознаа утрово од мене.

Неколку дена предходно вработените имале голем притисок и мобинг од горенаведените да влагаат во живеалиштата на Ламите без никаква хтз или заштитна опрема за што истите реагирале дека се небезбедни од причина што сомнежот за туберколоза и симптомите биле видливи, додека пак овие животни не биле дислоцирани во изолација и под ризик биле изложени сите посетители ако знаеме дека туберкулозата е пренослива преку непосредна близина со заболенито животно“ вели Кирков.

Засега нема официјална информација од ЗОО Скопје за угинувањето на двете лами за кои зборува советникот, ниту пак за околностите и причините кои ја предизвикале смртта.

ЗОО Скопје: Викендов угина лама болна од туберкулоза, болест за која нема лек

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот