Фото: EPA-EFE/CHEMA MOYA

Во Шпанија немаат среќа со претседателите: Суспендиран и наследникот на Луис Рубиалес

Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Педро Роча кој дојде на местото на Луис Рубиалес е суспендиран на две години од страна на Националниот спортски суд (ТАД).

Портпаролката на ТАД ја потврди пресудата и додаде дека Роча ќе има право на жалба.

Суспензијата на Роча доаѓа откако Шпанија во неделата стана европски шампион откако во финалето ја победија Англија со 2:1. Роча е обвинет дека ја искористил позицијата и го сменил генералниот секретар Андреу Кампо иако како привремен претседател во тој период немал право на такво нешто.

Ќе потсетиме дека и неговиот претходник Луис Рубиалес си замина од позицијата со суспензија по скандалот со фудбалерката Џени Хермосо по освојувањето на Светското првенство во женска конкуренција.

ФИФА ја потврди тригодишната суспензија на Луис Рубиалес

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот