Жежок бран во Шпанија / Фото: ЕПА

Во Шпанија минатиот месец најтопол во историјата

Шпанската Државна метеоролошка служба (АЕМЕТ) во денешното соопштение наведува дека април бил најтопол и со најмалку дождови од 1961 година.

Според АЕМЕТ просечната дневна температура во април изнесувала 14,9 степени Целзиусови, што е за три степени повисока од просечната температура односно просечната максимална температура минатиот месец се зголемила за 4,7 степени Целзиусови.

Врнежите беа една петтина од она што вообичаено би се очекувало во текот на месецот, што го прави најсувиот април во земјата.

Минатата година беше најжешка и најсушна во Шпанија од 1961 година, откако се вршат мерења.

Изминатите три години со малку дождови и високи температури предизвикаа Шпанија да е во долгорочна суша.

Студија на меѓународни научници, објавена минатата недела, покажа дека априлските рекордни температури во Шпанија, во Португалија и во Северна Африка стопати се поверојатни поради климатските промени предизвикани од човекот и би биле речиси невозможни во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот