Во сезоната на Рибите: Хороскопски знаци кои ќе доживеат голема среќа во љубовта

Фото: Pexels/vjapratama

Сезоната на Рибите започна на 19 февруари, а овој период со себе носи мотивирачка и романтична енергија.

Важно е да се истакне врската помеѓу сезоната на Риби и романтиката, а познатиот астролог Инбаал Хонигман сподели со „Дејли мејл“ како овој период ќе влијае на љубовната ситуација на припадниците на пет хороскопски знаци.

Бик

Астрологот нагласува дека Биковите се мотивирани од целосното искуство на љубовта, бидејќи подеднакво ги привлекува физичката и емоционалната блискост. Тие бараат партнер со кој длабоко ќе го искусат светот околу нив, а во текот на оваа сезона ги очекува интересно романтично искуство. Посебно е добра вест за Биковите кои порано започнале врска, бидејќи истата оваа врска ќе се развие во сериозна насока што тие ја посакуваа во текот на оваа сезона.

Рак

Раковите се хороскопски знак кој наоѓа мир во блиските односи со семејството и пријателите. Сакаат да поминуваат време со блискиот круг на сакани личности, а во текот на оваа сезона љубовта ќе им цвета. Слободните Ракови конечно би можеле да запознаат некој достоен за внимание и да си ги отворат срцата како што одамна не го направиле тоа. Одржувањето силни лични граници е многу важно, но тие мора да најдат начин да се поврзат безбедно и целосно емотивно.

Лав

Лавовите се гласни, горди и едноставно сакаат да бидат обожувани, вели астрологот. Љубовните врски им се многу важни бидејќи не ја сакаат осаменоста. Ова ќе биде плодно време за наоѓање љубовник кој конечно ќе одговара на критериумите кон кои се стремат во љубовта. Неопходно е да не се задоволувате со помалку од она што го барате – спуштањето на критериумите никогаш не е добар чекор за благосостојба во љубовта.

Водолија

Водолиите се верни и лојални и секогаш бараат интелектуална компатибилност кај партнерот. Треба да најдат партнер со кој ќе можат да водат рамноправен дијалог на различни теми, а наскоро во нивниот живот би можела да влезе личност со слични афинитети. Зајакнувањето на љубовта ќе го почувствуваат и Водолиите во долгите љубовни врски – оваа сезона е многу поволна за нив.

Риби

Рибите се еден од најромантичните хороскопски знаци и се познати по тоа што веруваат во идејата за љубовта до крајот на животот . Тие се чувствителни и грижливи, а кога ќе ја најдат вистинската личност за себе, ќе направат сѐ за нивната врска да функционира. Од партнерите очекуваат наклонетост и внимание, а нивниот внатрешен глас ги води до најбезбедните одлуки во љубовта. Во оваа сезона потребата за љубов ќе биде понагласена од кога било досега, а можно е да има и големи промени – слободните Риби би можеле да ја запознаат личноста на нивниот живот, а оние кои се во врска конечно ќе одлучат во кој правец ќе продолжи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот