Архива

Во САД почна првото судење против климатски промени, граѓани ги тужат властите за кршење на нивното право на „чиста и здрава животна средина“

Во американската сојузна држава Монтана почна првото судење против климатските промени, откако десетина млади луѓе поднесоа тужба против државните власти за кршење на нивното уставно право на „чиста и здрава животна средина“.

Шеснаесетте тужители, на возраст од пет до 22 години, тврдат дека „опасните ефекти на фосилните горива и климатската криза“ им наштетиле, при што децата се „исклучително ранливи“ на тие ефекти, кои само се влошуваат.

Случајот, познат како Хелд против Монтана, се следи внимателно бидејќи неговиот исход би можел да влијае врз други тужби во САД, насочени и кон индустријата за фосилни горива.

Судењето се одржува во градот Хелена, главниот град на Монтана и се очекува да продолжи до 23 јуни. Тужителите не бараат отштета, туку бараат да се прогласи дека им се повредени правата. Државата неколку пати се обиде да ја отфрли тужбата поради прекршување на процедурата, но на 6 јуни државниот Врховен суд даде дозвола да започне судењето.

Десетици тужби се поднесени во САД против компаниите за фосилни горива поради нивното влијание врз климата.

„Кога станува збор за климатските активности, американската правда никогаш не била поважна“, изјави поранешниот советник за климата на претседателот Барак Обама и член на Советодавната група за климатски кризи, Алис Хил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот