Разговорот на Ана Франговска и Гоце Наневски ќе се одржи на 3 декември во КСП „Центар-Јадро“

Во рамки на серијалот „Во дијалог“ со македонски визуелни уметници ќе се одржи разговор со Гоце Наневски

Серијата разговори со визуелни уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена, и кои со своите дела, темите кои ги обработуваат и авторскиот интегритет се релевантни до денес продолжува со разговор на Гоце Наневски.

Изборот на авторите и разговорите се реализирани и модерирани од историчарката на уметност и кураторка, Ана Франговска, а разговорот со Гоце Наневски ќе се одржи на 3 декември, во 20 часот, во КСП „Центар-Јадро“ во Скопје.

Гоце Наневски (1974) е роден во Скопје. Предметот на неговите уметнички интереси вклучува широки интердисциплинарни истражувања во морфологијата на скулптурата, инсталацијата, објектот и скулптурата во големи размери, кинетиката, звукот, амбиентот, фотографијата, перформансот и видео уметноста.

Автор е и на колаборативни дела кои опфаќаат разновидни искуства и сознанија од повеќе дисциплини, преплетувајќи ги уметничките проседеа со оние на политиката, социологијата, антропологијата, механиката, електрониката, звукот и перформансот.

Дипломирал (1996 г.) и магистрирал (2002 г.) на отсекот скулптура на Факултетот за ликовни уметности, УКИМ во Скопје. Вработен е на ФЛУ Скопје како редовен професор на Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики. Во интервалот 2012-2016 година ја извршувал функцијата Продекан за настава, а од 2023 година Продекан за финансии.

Самостојни изложби имал во Сараево, Кавадарци, Прилеп, Скопје, Њујорк, Цетиње, Бања Лука, Венеција (53. Венециско биенале, „Создавање светови“, со проектот „Педесет или Педесет“), Никшиќ, Пловдив, Велес. Учествувал на групни изложби во Кавадарци, Скопје, Кошице, Битола, Приштина, Торино, Лисабон, Сараево, Цетиње, Баку, Минхен, Загреб, Каиро, Њујорк, Брисел, Варна, Ксанти, Велес, Прилеп, Лос Анџелес, Калдас Да Раиња, Трст, Торес Ведраш, Констанца.

Серијалот „Во дијалог: македонски визуелни уметници“ се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура и туризам на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот