pixabay
Фото: Pexels/PhotoMIX Company

Во првите три месеци од годинава 90,8 отсто од домаќинствата во Македонија имале пристап до интернет од дома

Во првото тримесечје од 2024 година, 90,8 отсто од домаќинствата во Македонија имале пристап до интернет од дома, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во првото тримесечје од 2024 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91.2 проценти, а 76.4 отсто го користеле неколкупати во текот на денот.

Во последните 12 месеци, 63,5 проценти од граѓаните во земјава нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот