Во полициски контроли низ Полошко приведени 14 странски државјанки

Во две контроли кои ги спровела полицијата низ угостителски објекти низ Полошко, откриени се повеќе женски лица кои работеле како танчерки и пеачки.

Според МВР, утрово во гостиварското село Чегране, во угстителски објект сопственост на А.Н.(49) од Чегране, при акциска контрола, биле приведени 11 женски лица од кои седум од Албанија, една од Косово и три од РС Македонија. Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.

Во втората акција во тетовско Желино во угостителски објект сопственост на Ј.Ф. (42) полициските службеници привеле три албански државјанки.

При фотодокументирање на настанот од крим – техничар од СВР-Тетово, Ш.И.(48) од Желино кој бил гостин во објектот го нарушил јавниот ред и мир, поради што и тој бил приведен.

Во поведената постапка против сите приведени ќе се утврдува нивна инволвираност во можна трговија со луѓе и нелегален престој во земјава. По завршувањето на постапките, странските државјанки ќе бидат предадени на отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!