Фото: архива

Во полициска акциска контрола во угостителски објекти пронајдена дрога и забележано точење алкохол на малолетници

Секторите за внатрешни работи и патролните тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција во координација со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, ноќеска, од 00.00 до 04.00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

Во угостителски објект во Неготино, кај М.А.(32) од демиркапиското село Корешница било пронајдено шише со течност и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во угостителски објект во Тетово биле затекнати двајца малолетници при консумирање алкохол за што против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава и притоа биле констатирани 31 прекршок по член 21 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир – присуство на малолетници во угостителски објект по 00.00 часот.

Од МВР најавуваат дека акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот