Во оваа земја пензионерите заработуваат повеќе од вработените!

Според податоците, пензионерите над 65 години имаат просек од 1.626 евра месечно, што е околу два проценти повеќе од просечната плата на вработените граѓани. Во оваа земја, пензионерите заработуваат повеќе од вработените!

Оваа ситуација е резултат на дарежливиот пензиски систем. Франција издвојува околу 14% од својот БДП за пензии, додека стапката на замена, односно односот на пензијата кон последната плата, е околу 74%- пишува Каматица.

– За споредба, пензионерите во САД заработуваат околу 16% помалку од вработените луѓе, при што речиси една петтина „се мачат“ со трошоците за живот, додека само 5% од нив сметаат дека „го живеат својот сон“ – се наведува во анализата.

Кои се десетте најдобри држави за пензионери?

Соединетите Американски Држави, на пример, издвојуваат речиси двојно повеќе, само 7% од БДП за пензии, а стапката на замена е само 50%.

Иако ваквите системи вршат притисок врз јавните финансии, политичките системи во Франција и Велика Британија ги штитат пензионерите од фискални прилагодувања. Во Велика Британија е во сила систем на „тројна заштита“, кој гарантира дека пензиите растат побрзо од платите, инфлацијата или 2,5% годишно. Ова значително го подобри животниот стандард на пензионерите, но во исто време ги намали средствата за инфраструктурни проекти и социјални расходи.

Покрај тоа што уживаат во високи приходи, француските пензионери можат да се пензионираат порано отколку во повеќето други земји поради пониската возраст за пензионирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот