Протести во Нигерија
Протести во Нигерија / Фото: EPA-EFE/AKINTUNDE AKINLEYE

Во Нигерија протести поради високите цени, загинаа над 20 лица

Најмалку 21 лице загина во Нигерија за време на протестите поради високите цени, соопшти денеска невладината организација Амнести интернешнел.

Организацијата минатата недела соопшти дека најмалку 13 лица загинале за време на демонстрациите што започнаа минатиот четврток кога илјадници незадоволни граѓани се собраа низ целата земја и се судрија со полицијата.

Полицијата употреби солзавец и пукаше во воздух.

Амнести интернешнел ги осуди и бара истрага за дејствијата на полицијата, како и истрага за смртните случаи за време на протестите, додека полицијата и армијата негираат одговорност.

Најнаселената земја во Африка, Нигерија минува низ сериозна економска криза по реформите спроведени од претседателот Бола Ахмед Тинубу, кој дојде на власт во мај 2023 година.

Демонстрантите бараат од претседателот да повлече некои реформи, како што е укинување на субвенциите за гориво и да се стави крај на страдањето и гладот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот