Плакат за промоцијата во Музејот на град Скопје

Во Музејот на град Скопје ќе биде промовирана монографија во 17 тома за творештвото на Таки Павловски

Второ и дополнето издание на монографија за творештвото на сликарот Таки Павловски ќе биде промовирано на 27 март, во 12:30 часот, во Музејот на град Скопје. Изданието е со наслов „Едиција – Таки Павловски – 55 години творештво (1966-2021)“ во 17 тома. Претходното издание на монографијата „Едиција – Таки Павловски – 50 години творештво (1967 – 2017)“ во 10 тома беше објавено во 2018 година.

На промоцијата на новото издание ќе се обратат д-р Панче Велков, директор на Музеј на град Скопје, претставник од Министерството за култура, Корнелија Конеска, директор и куратор на „Остен“, Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош, и Ставре Џиков, публицист. Монографијата е објавена со покровителство на Музеј на град Скопје, Министерство за култура на РСМ, Општина Карпош и Град Скопје.

Куратор на проектот е Емил Алексиев, лектор на изданието е Ана Пановска, преводот на англиски јазик е на Зорица Теофилова, Игор Јанковски, Наташа Папазовска-Левкова, Билјана Николовска-Прлја. Фотографиите во изданието се на Благоја Дрнков и Станимир Неделковски, додека дизајнот и подготовката на монографијата се на Горан Јованов и издавачката куќа „Ројал Арт“ – Скопје. Ангажман и креативно-инвентивни интервенции во едицијата има д-р Марија Павловска.

Покрај промоцијата на изданието, во Музејот на град Скопје од 27 март до 27 април ќе биде поставена изложбата „Таки М. Павловски: Објекти – градби“ (селектирани дела, дел никогаш неизложени).

Таки М. Павловски (12 мај 1939 – 17 мај 2023) оствари значаен придонес во развојот на македонската ликовна уметност и култура и е еден од најистакнатите македонски уметници од својата генерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот