
Во Ларнака на Кипар осамнаа антиизраелски графити, градоначалникот одбива да ги избрише
Градоначалникот на кипарскиот град Ларнака, Андреас Вирас, одби да ја исполни наредбата на Министерството за внатрешни работи за отстранување на антисемитски графити од јавни простори, јави весникот „Сајпрс мејл“.
Препорачано
Министерството претходно испратило циркуларно писмо до сите општини, повикувајќи се на барање на израелското Министерство за дијаспората за отстранување на антисемитски и антиизраелски графити на територијата на Кипар.
Во реакција на писмото, Вирас истакна дека не е должен да спроведува „надворешни инструкции“. – Не можам да не изразам тага што во време кога илјадници луѓе умираат околу нас, нè повикуваат да го насочиме јавниот дискурс кон натписи на ѕидови, наместо кон големата хуманитарна криза и злосторствата против човештвото што продолжуваат, изјави градоначалникот.
Опозициските партии во Кипар остро реагираа на писмото, но заменик-портпаролот на владата Јанис Антониу оцени дека реакциите се „прекумерни“. Тој нагласи дека испраќањето на циркуларно писмо на барање на Израел не значи отстапување од суверенитетот на Кипар, туку има за цел спречување на дела кои шират омраза во општеството
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
23мин
-
31мин
-
53мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5