Куманово/ фото: МИА

Во Куманово не се киднапираат деца: МВР ги демантира шпекулациите

Кумановската полиција денеска ги демантираше гласините кои се појавија меѓу граѓаните дека во градот имало обиди за киднапирање ученици. Од СВР Куманово велат дека не е регистрирана ниту една пријава за ваков настан, како и дека полицијата редовно презема мерки за безбедност на децата.

– СВР Куманово најостро ги демантира гласините што се шират помеѓу граѓаните на Општина Куманово за наводни киднапирања, односно обиди за киднапирања на малолетници. Ве известуваме дека станува збор за дезинформации, кои имаат за цел да предизвикаат страв и паника кај граѓаните на Куманово. Имено, во СВР Куманово изминатиов период не е регистрирана ниту една пријава за таков настан. Притоа напоменуваме дека полициските службеници секојдневно вршат физичко обезбедување пред училиштата, редовно се реализираат превентивни активности помеѓу основците и средношколците, со цел одржување на јавниот ред и мир, препознавање на социо-девијантните појави, спречување на болестите на зависност и превенирање на насилството, со посебен акцент на меѓуврсничкото насилство, соопшти СВР Куманово.

Полицијата апелира до граѓаните „да останат смирени и да не придонесуваат во ширење паника која може да наштети на сите, а особено на најмладите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот