Келн, Германија полиција / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Во Келн автомобил покоси тројца ученици и придружничка пред училиште

Три деца и еден возрасен се потешко повредени кога автомобил скршна од курсот и удри во група ученици што одеа по тротоарот во Хирт, Келн.

Полицијата случајот го квалификува како сообраќајна несреќа, а не како намерен напад.

Според „Келнер штат Анцајгер“, децата биле четвртоодделенци кои заедно со нивна придружничка оделе кон училиштетото кога се случил инцидентот.

Точните околности на инцидентот остануваат нејасни.

„Нема докази за намерно дело“, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека возачот на автомобилот има 20 години.

Во операцијата учествуваа два спасувачки хеликоптери и четири амбулантни возила, а областа останува опколена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот