Ковид Грција/ Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Во Грција за една недела од Ковид-19 починаа 150 лица

За една седмица во Грција се регистрирани 47.497 случаи на Ковид-19, од кои 30 проценти се реинфекции, а починаа 150 лица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Во периодот од 12 до 18 декември 2022 година, бројот на заразени се намалил за девет проценти, но за осум отсто е зголемен бројот на смртни случаи.

На одделите за интензивна нега во грчките болници, 104 пациенти се приклучени на апарати, 16 повеќе од една седмица претходно.

Направени биле 651.534 тестови, со стапка на позитивност 7,29 отсто.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 5.548.487 случаи на Ковид-19, а починаа 34.779 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот