Во Грција уапсени татко и син, купувале сончогледово масло од Бугарија, го препродавале како маслиново

Маслото кое вчера го заплени грчката полиција/Фото: Полиција Грција

Солунската полиција уапси татко и син кои воделе нелегален бизнис со производство и дистрибуција на фалсификувано маслиново масло.

Конкретно, според полицијата, уапсените се двајца мажи на возраст од 36 и 80 години, против кои е поднесен кривична пријава заради фасификување на масло и негово пуштање во промет.

Како што произлезе од полициската истрага, лицата создале соодветна и организирана инфраструктура за недозволено подготвување и пакување на маслиново масло, кое го произведувале со преработка на сончогледово масло со додавање на соодветни материи за боење, како и неговото пакување и дистрибуција на пазарот, како екстра девствено маслиново масло.

Суровината (сончогледово масло) ја увезувале од Бугарија, а потоа со употреба на соодветно боење го продавале како „екстра девствено маслиново масло“ со различни етикети од региони на Грција и го дистрибуирале на пазарот во Бугарија и во Грција.

Во истрагата спроведена вчера (01.12.2023) во магацин на компанија која работи  трговија на големо со прехранбени производи, лоцирана на подрачјето на општина Делта, грчката полиција пронајде и одзеде 6.644 литри фалсификувано маслиново масло, кое било во контејнери од 5 и 3 литри со ознака „екстра девствено маслиново масло“ од различни компании, 6500 литри сончогледово масло во седум  пластични цистерни, бројни етикети со „екстра девствено маслиново масло“, еден комплетен и оперативен капацитет за полнење и формулација на масло, кој се состои од цевководи и резервоари што содржат течност со непознат хемиски состав и сомнителен квалитет, 9.035 празни метални контејнери за складирање на масло како и 358 празни пластични садови за складирање масло како и камион со кој го превезувале маслото.

-Уапсените, со поднесениот предмет против нив, ќе бидат спроведени до надлежните судски органи, а од одземените пакувани фалсификувани производи од маслиново масло земени се мостри кои ќе бидат испратени до Државната хемиска лабораторија, соопшти грчката полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот