
Во Франција, повеќе од 94.000 нови случаи на ковид
Франција, на католички Бадник, го премина прагот од 94.000 нови дневни случаи на ковид-19, најмногу по избувнувањето во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство.
Препорачано
За 24 часа пријавени се 94.124 нови случаи во петтиот бран на епидемијата, влошени со многу позаразна варијанта на омикрон. Во последните седум дена дневно имало во просек по 66.417 нови случаи.
Претходниот рекорд беше во четвртокот со повеќе од 91.000 случаи, пишува Ројтерс.
Болниците под голем притисок
На врвот на вториот бран, слични нивоа беа забележани во ноември 2020 година – најголемиот дневен број на случаи беше 86.852. Илјадници Французи се собраа во петокот во аптеките за да се тестираат со надеж дека ќе го прослават Божиќ со своите семејства.
Медицинските услуги се под зголемен притисок и имаат 3.254 пациенти наспроти 3.208 во вторникот. Бројот на загинати се искачи на 122.462 од избувнувањето, или 169 повеќе отколку во четвртокот.
Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција, 52,7 милиони луѓе примиле најмалку една доза (или 78,1 отсто од населението), а 51,6 милиони се целосно вакцинирани (или 76,5 отсто од населението). Трета доза вакцина примиле 21,9 милиони луѓе.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5