Милитанти на Хамас/Фото: Middle East Images/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Во Египет утре почнуваат преговори за прекин на огнот, ослободување на заложници и размена на палестински затвореници

Индиректни преговори меѓу вклучените страни за прекин на огнот во Газа, за ослободување на заложниците што ги држи Хамас и Палестинците што се чуваат во израелските затвори се очекува да започнат во Египет во понеделник, пренесува Франс 24.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се надева дека ќе го објави ослободувањето на заложниците што се чуваат во Газа „во наредните денови“.

Во телевизиска изјава, тој исто така рече дека „Хамас ќе се разоружа, а Газа ќе биде демилитаризирана, без разлика дали е лесно или тешко, но тоа ќе се постигне“.

Изјавите беа дадени како одговор на објавата на Хамас во петокот дека се согласил да ги ослободи заложниците, во согласност со одредбите од мировниот план на САД, без да спомене разоружување, што сугерираше дека бара преговори за други прашања.

Хамас во саботата објави дека Израел продолжува да врши „масакри“ по нападите вчера наутро во Газа, повикувајќи на глобален притисок врз Израел.

Синоќа, „Ал-Кахера њуз“, медиум поврзан со египетските разузнавачки служби, објави дека двете делегации веќе се на пат да одржат разговори денес и утре за да ги испитаат условите на теренот и како би се организирала оваа размена, врз основа на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Сега или никогаш“: Со фотографија од демонстрациите во Израел, Трамп испрати порака до Нетанјаху и Хамас

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот