Сцена од документарниот филм „Бабички на револуцијата“

Во чест на Илинденка Петрушева во „Котур“ ќе има проекција на филмот „Бабички на револуцијата“

На четвртиот фестивалски ден (2 октомври) на седмото издание на фестивалот на филм и музика „Sирни“ ќе бидат прогласени победниците во официјалната и студентската селекција, по што ќе следува доделувањето на наградите, а во филмската програма ќе биде прикажан документарниот филм „Бабички на револуцијата“.

Жирито кое одлучува за најдобар филм во официјалната и во студентската селекција е во состав: Кристина Леловац, актерка; Трифун Ситниковски, режисер; и Дина Дума, режисерка.

Филмовите во официјалната селекција се натпреваруваат за наградата „Данчо Чеврески“, која е финансиски поддржана од „Халк Банка“. Филмовите од Студентската селекција се натпреваруваат за најдобар студентски филм, а целосната филмска програма е во трка за најдобар филм според публиката.

Поради временските услови, доделувањето на наградите и филмската проекција ќе се одвиваат во Кафе и филм „Котур“, со почеток во 19:30 часот.

По доделувањето на наградите ќе следува проекција на документарниот филм „Бабички на револуцијата“ во режија на Петра Селишкар и Бранд Ферро. Проекцијата е посветена на Илинденка Петрушева и ќе се реализира заедно со пријателите од фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“.

Филмот „Бабички на револуцијата“ е интимна приказна за еден пар и нивните семејства кои имале слична судбина во периодот на Втората светска војна. Филмот е снимен во Словенија, Македонија и во Куба. Преку емотивни и комични елементи, овој филм нè воведува во верувањата во три различни идеологии.

На крајот на вечерта музичката селекција ќе биде на Давид Николовски (Daphunk). Фестивалот продолжува со реализација на програмата до 6 октомври со локација во Кафе и филм „Котур“.

Седмото издание на „Sирни“ е овозможено од безрезервната поддршка на пријателите од „МакеДокс“, „Трн.мк“, „Саманта“ ДОО, „Скопско“, Винарија „Тиквеш“ и „Халк Банка“, известија од тимот на кафе и филм „Котур“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот