Во чест на Џорџ Мајкл: Британската кралска ковачница направи колекционерска монета со ликот на пејачот

Фото: Royal Mint / Ferrari / Profimedia

Британската кралска ковачница издаде колекционерска монета со ликот на легендарниот поп пејач Џорџ Мајкл, кој почина на Божиќ во 2016 година во Лондон. Монетата припаѓа на најновата серија „Легенди на музиката“ на кралската ковачница која досега на овој начин им оддаде почит и на Дејвид Боуви, групата „Квин“ и Сер Елтон Џон, пишува „Скај њус“.

Во негова чест изработени се монети во златна, сребрена, сребрено-црвено-црна боја. На нив е ликот на поп пејачот кој носи авијатичарски очила за сонце и обетка во облик на крст, која ја носел во 1987 година додека го снимал соло-синглот „Faith“. Рефренот од оваа песна е изгравиран на задната страна на монетата. Монетата е дизајнирана од скулпторката Сандра Дејана, а ќе се најде во продажба за неколку дена.

Фото: Instagram / royalmintuk

„Од неговото деби со групата ‘Вем!’ до станувањето еден од најпродаваните соло-уметници на сите времиња, Џорџ Мајкл е глобална суперѕвезда чија работа инспирираше и влијаеше на генерациите со неговата музика и неговиот уникатен стил. Воодушевени сме да му ја претставиме на светот официјалната британска монета со која се слави животот и наследството на Џорџ Мајкл“, изјави Ребека Морган, директорка во Кралската ковачница.

Кејт Буш и Џорџ Мајкл во Куќата на славните на рокенролот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот