Фото: Општина Бутел

Во Бутел пред избори се поставуваат 50 „лежечки полицајци“, тоа било ветување од минатите избори

Денес во скопската општина Бутел започна поставување на сообраќајна опрема – „лежечки полицајци“, кои според локалните власти се поставуваат „за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот“.

„Во соработка со жителите кои сами ни ги посочија локациите се поставуваат препреки за намалување на брзината на возилата или таканаречени легнати полицајци, на повеќе фреквентни локации и улици низ сите населени места и тоа Љубанци, Љуботен, Радишани, Расадник, Љуботенски Пат, Бутел 1, Скопје Север, Бутел 2 и Визбегово, информираше градоначалникот Дарко Костовски, кој не објасни зошто на ваков потег за безбедноста на граѓаните не се одлучиле во ниту еден момент во изминатите четири години.

„Поставувањето на нови таканаречени „легнати полицајци“ е со цел да се овозможи поголема безбедност не само за пешаците туку и за возачите. Со ова ја зголемуваме безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Ова е уште едно предизборно ветување кои го дадовме пред граѓаните и во континуитет го реализираме, додава Костовски кој е кандидат за уште еден градоначалнички мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот