Во Бугарија утре ден на жалост поради трагедијата во Кочани

По повод трагедијата во Македонија, во која загинаа 59 лица, а над 150 се повредени, вторник, 18 март, во Бугарија е прогласен за Ден на жалост, соопшти бугарскиот премиер Росен Жељазков.

14 од повредените се пренесени во медицинските установи во Бугарија.

„Во вакви моменти најважно е да се покаже навремена емпатија и солидарност. Бугарија е подготвена да прифати уште пациенти“, рече Жељазков.

Бугарскиот премиер изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот