Фотографиите на убиените Ѓекиќ и Лазаревски кои ги објавија боливиските медиуми / Фото: NTV / Red Uno

Во Боливија е убиен Дејанчо Лазаревски од Струмица, полицијата уапси четворица за бруталната тројна ликвидација

Во Санта Круз, Боливија, пред неколку дена брутално беа убиени тројца луѓе од регионот, во ликвидација која се поврзува со нелегалната трговија со дрога. Локалните медиуми денеска објавија дека е потврден идентитетот на убиените – Дејанчо Лазаревски (43) познат како „Македонецот“, роден во Струмица, Миљан Ѓекиќ (38) од Ниш, Србија, како и Вања Милошевиќ, исто така српски државјанин.

Локалниот портал „Ред уно“ објави фотографии за кои се тврди дека се на двајца од жртвите – Србинот Ѓекиќ и Лазаревски.

Боливиската полиција информира дека телата на убиените биле пронајдени во кујната на изнајмена куќа, завиткани во црни пластични кеси. Соседите претходно пријавиле вознемирувачки звуци и гласна музика што доаѓале од куќата.

„Пронајдени се три тела, завиткани во црни пластични кеси, кои најверојатно биле подготвени за транспорт на друга локација,“ вели извор од истрагата.

Полицијата се сомнева дека планот на убијците бил да се ослободат од телата, но во тоа не успеале бидејќи биле спречени со полициската интервенција.

Според „Ред уно“, за случајот досега се уапсени четворица осомничени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот