Евакуација во Берлин поради бомби од Втората светска војна/Фото: CARSTEN KOALL / AFP / Profimedia

Во Берлин евакуирани над 20.000 луѓе поради деактивирање на две бомби од Втората светска војна

Властите во Берлин денес планираат да деактивираат две бомби од Втората светска војна, поради што ќе бидат евакуирани илјадници луѓе во германската престолнина, јави ДПА.

Едната бомба е во близина на популарна туристичка област во центарот на градот, каде што полицијата нареди евакуација на околу 10.000 луѓе. Другата е во западниот дел од главниот град, каде што на околу 12.400 луѓе им беше наредено да се евакуираат.

Полицијата соопшти дека евакуациите не ги засегнале медицинските установи. Сепак, во зоните под кордон се наоѓаат амбасади и административни згради.

Патиштата се затворени, а една од линиите на метрото е привремено суспендирана. Обезбедени се привремени засолништа за луѓе кои не можат да останат кај пријатели или роднини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот