Отворање на Македонскиот културно-информативен центар во Белград / Фото: Канал 5 / скриншот

Во Белград свечено отворен Македонскиот културно-информативен центар

Во Белград вечерва, симболично на улицата „Македонска“ во центарот на градот, свечено беше отворен Македонскиот културно-информативен центар, а на отворањето присуствуваа македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.

Во музичкиот дел од програмата, насловена „Ајде, слушај, слушај…” настапија Зарина Првасевда, а како специјален гостин во програмата беше и домашниот музичар со македонски корени, Васил Хаџиманов.

Во ликовниот дел од програмата, претставена е ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници-Македонци во Србија (ДЛУМС).

На свеченоста се дегустираше македонско вино од гевгелиското поднебје.

На свеченоста се обратија директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, амбасадорот на Македонија во Србија, Никола Тупанчески, српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот