фото: МИА

Во Азербејџан почнаа судења на поранешни сепаратисти од Нагорно Карабах

Судењето на поранешни сепаратисти од отцепениот регион Нагорно-Карабах, над кој Азербејџан ја врати контролата во 2023 година, започна денеска во Баку зад затворени врати.

Најистакнат од обвинетите е милијардерот поранешен банкар Рубен Вардањан, а им се суди на уште 15 поранешни функционери во Нагорно Карабах.

Вардајан, кој направи богатство во Русија пред да биде избран во сепаратистичката влада на Нагорно-Карабах од крајот на 2022 година до февруари 2023 година, изјави дека не е виновен за обвиненијата и дека обвиненијата против него и неговите сонародници се политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот