ВМРО-Народна против промена на Законот за надворешни работи

ВМРО-Народна партија се спротивставува на идејата за промени во Законот за Надворешни работи со кој законски ќе се бара 80 отсто од амбасадорите да бидат вработени во Министерството за надворешни работи или дипломати од кариера.

ВМРО-Народна партија смета дека на тој начин се оневозможува достап до овие значајни места за видни и докажани личности од многу области: писатели, уметници, новинари, доктори, бивши министри па дури и академици.

„Наспроти тоа ќе бидат фаворизирани само вработените во МНР кои пак ќе ни бидат претставени како експерти, а најголем дел од нив знаеме дека се вработени под чисто партиски клуч. Впрочем не постои ниту една анализа од која можеме да видиме дека т.н. експерти имаат поуспешни резултати од амбасадорите кои се дојдени од други сфери. ВМРО-Народна партија стравува дека на овој начин МНР ќе почне да наликува на една секта, недопирлива и затворена за надворешниот свет. Затоа, ВМРО-Народна партија смета дека овие измени на Законот за Надворешни работи не треба да бидат прифатени“ велат од партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!