Фото: Архива на „Слободен печат“

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 16 кандидати за градоначалници, меѓу нив и за Прилеп, Струмица, Радовиш…

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Еве ги кандидатите кои ги објави партијата:

1. Сопиште – Јане Мицески

2. Кичево – Александар Јованоски

3. Крива Паланка – Оливер Алексовски

4. Маврово и Ростуше – Омер Јакупоски

5. Кривогаштани – Сашо Ронковски

6. Шуто Оризари – Ерџан Демир

7. Крушево – Нико Чонески

8. Валандово – Ѓоко Камчев

9. Виница – Митко Костадиновски

10. Демир Хисар – Никола Недоски

11. Чешиново Облешево – Јордан Костадинов

12. Радовиш – Љупчо Почиганец

13. Чашка – Дејан Андоновски

14. Прилеп – Дејан Проданоски

15. Струмица – Петар Јанков

16. Неготино – Благој Ацев

За Кисела Вода, како што рече генралниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, и натаму се вршат анкетите и во најскоро време ќе биде одлучено кој ќе биде кандидат.

„Во Куманово и Центар ќе се поддржат кандидатите кои ќе бидат предложени од коалицискиот партнер ЗНАМ. Убедени сме во способноста на секој избран кандидат. Тоа се луѓе кои се докажани во своите област и сектори на работа. Секој кандидат е почитуван како индивидуа во населеното место од кое доаѓа. Важат за искрени, честити и работливи луѓе кои си го одржуваат дадениот збор и кои ќе бидат вистински татковци на градот, рече Сајкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!