Одлуката да се додели МКарта за заслужните од дијаспората се заснова на Законот за надворешни работи (доделување признанија и благодарници), за што постои и интерен правилник.

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста мора да знае кои се критериумите за МКарта

Владата да објасни под кои критериуми ги дели картичките за иселеници, дали критериумот е ист како за пасошите на криминалците, прашува ВМРО-ДПМНЕ?

Според официјалното известување од МНР МКарта може да добијат истакнати личности од дијаспората кои дале придонес кон подобрување на односите помеѓу Македонија и државата каде тие престојуваат. И притоа е објавена листа во медиумите од сите лица на кои им е доделена МКарта, но власта не кажува кој ги избрал тиe лица и што тие направиле, велат од ВМРО-ДПМНЕ по објавувањето на списокот на личности кои добиле МКарта.

Власта не кажува зошто тие, а не други лица добиле МКарта. Кој е критериумот по кој се бодувани или воопшто не се бодувани, туку истите се избрани по волја и критериуми познати само за Османи?

Кога се даваат привилегии од државно значење, јавноста мора да знае кои се критериумите по кои се даваат, кој одлучува кому да му бидат дадени истите привилегии, и дали лицата сами се пријавиле или некој ги избрал и кој?

Без јасни критериуми и правила се носиме во ситуација доделувањето МКарти да се претвори во фијаско како со штанцањето пасоши на криминалци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПРОЕКТ МКарти: Кои се истакнатите претставници на дијаспората први носители на МКарта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот