
ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да престане да работи за СДСМ
Не престануваат обвинувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по аферата за следење на премиерот Мицкоски, новинари и бизнисмени.
Препорачано
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат на тврдењата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, која на денешната прес-конференција рече дека е очигледен стравот на премиерот Мицкоски, од содржината на материјалите кои треба да го докажат наводното негово следење од страна на службите.
„Ако некој треба да се плаши тоа се организаторите на сето тоа и одговорните. А се што има во тие материјали во текот на постапката ќе биде декласифицирано и објавено во јавноста. Го повикуваме обвинителството да престане да работи за СДС и да одговори на СДС и да не ги штити оставајки простор да држат вакви невистинити и непромислени прес- конференции.
Исто така го повикуваме да одговори зошто после 1 година и кусур нема ниту еден предмет оформено за најкриминалната влада во историјата на државава, владата на СДС и ДУИ, по сите индиции и докази од институциите и по допрен глас, и до кога планира да ги штити и да биде дел од нивното злосторничко здружување?“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму им порачаа на СДСМ дека со овие прес-конференции наликуваат на преплашени зајци зошто, како што велат, се фатени живи, па не знаат што да прават и напаѓаат.