Љупчо Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ го повика Коцевски да не молчи и да спроведе темелна истрага за незаконското следење

ВМРО-ДПМНЕ ги повика Јавното обвинителство и обвинителот Љупчо Коцевски веднаш да реагираат и да спроведат темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот на партијата Христијан Мицкоски, новинари, бизнисмени и други функционери.

„ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, туку да откријат кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи претседателот Мицкоски,“ велат од партијата.

Оттаму обвинуваат дека последните пет години службите биле под партиска контрола на СДСМ и ДУИ и дека институциите биле злоупотребувани за теснопартиски интереси. Според владејачката партија, СДСМ и ДУИ со тоа нанеле директен удар врз демократијата и правната држава.

Молкот на ЈО и на Коцевски претставува „соучество и организирано прикривање“ на незаконското следење, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот