ВМРО-ДПМНЕ бара наставата во второто полугодие да продолжи онлајн

онлајн настава
Онлајн настава / Фото: МИА

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја преиспита одлуката за второто полугодие да почне со физичко присуство на учениците затоа што засилено се шири омикрон варијантата на ковид-19.

Тие и предлагаат на власта наставата за учениците од четврто до деветто одделение да продолжи онлајн во наредните две недели, а од прво до трето одделение наставата да започне со физичко присуство.

„Уште еднаш ги повикуваме министерот Беким Сали и оваа неодговорна влада предводена од пиунот Ковачевски да ја преиспитаат одлуката за започнување на второто полугодие за учениците во услови кога сојот омикрон коси во државата“.

Во соопштението на опозицијата е наведено дека во текот на изминатата недела поради неспособноста на власта да се справи со пандемијата починале вкупно 180 луѓе. Во него е посочено дека во моментот во државата има скоро 20 илјади активни случаи на корона вирус или колку еден поголем град во Македонија и над 8.300 починати како последица на ковид- 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот