Љупчо Пренџов / Фото: Фејсбук

ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на комисијата за надзор на АНБ

Пратеникот Љупчо Пренџов од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно повика претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР), Скендер Реџепи од ДУИ, да закаже итна седница поради загрижувачки сомнежи за незаконско постапување во АНБ.

— Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани — изјави Пренџов.

Според него, случувањата во јавноста веќе предизвикуваат вознемиреност и ја поткопуваат довербата во институциите задолжени за национална безбедност.

— Токму затоа, обврска на Комисијата е да делува одговорно и транспарентно, со цел, да се обезбеди отчетност на институциите и заштита на нивниот интегритет и демократијата во државата.
Граѓаните имаат право да знаат дали и како се злоупотребувале институциите и какви мерки ќе се преземат за да не се повтори тоа никогаш — нагласи Пренџов.

Тој додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат доследни на посветеноста кон вистината, владеењето на правото и на заштитата на интересите на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!