Влезе во историјата: Скулптурата на уметникот Џеф Кунс слета на Месечината благодарение на вселенското летало „Одисеј“

Фото: Instagram / jeffkoons

Благодарение на успешното слетување на вселенското летало „Одисеј“ на површината на Месечината, сулптурата на познатиот уметник Џеф Кунс е првото „овластено“ уметничко дело на Месечината, пишува Си-ен-ен.

Заменувајќи го просторот во галеријата за проѕирна кутија во вселената, американскиот уметник создаде нова серија скулптури, наречени Фази на Месечината, кои полетаа во вселената со вселенското летало „Одисеј“.

„Одисеј“ на компанијата „Интуитивни машини“ со седиште во Хјустон, кој го започна своето патување со ракетата „Спејс екс“ „Фалкон 9“, слета на површината на Месечината и стана првото вселенско летало на приватна компанија на Земјиниот сателит и првото американско летало на Месечината од крајот на програмата „Аполо“ пред половина век.

Фото: Instagram / jeffkoons

Во објава на својот Инстаграм профил веднаш по слетувањето на Одисеја, Кунс го опиша слетувањето на Месечината како „неверојатно достигнување“ и рече дека е „многу почестен“ што е дел од мисијата. Во претходен пост, тој го опиша лансирањето како „спектакуларен настан“.

Што изложи Кунс на осамената лунарна површина? Во кутијата прикачена на вселенското летало има 125 мали скулптури на Месечината, со дијаметар од околу два сантиметри. Наречени „Фази на Месечината“, тие покажуваат 62 фази наМесечината гледани од Земјата, 62 фази видливи од други точки во вселената и едно затемнување на Месечината.

Секоја од скулптурите е испишано со името на една значајна личност во историјата на човештвото, вклучувајќи ги Аристотел, Дејвид Боуви, Леонардо да Винчи, Ганди, Били Холидеј, Габриел Гарсија Маркез, Енди Ворхол, Вирџинија Вулф и други.

Фото: Instagram / jeffkoons

Кунс „беше инспириран од Месечината како симбол на љубопитност и решителност. Надежен и трансцендентен, неговиот нов проект им нуди на гледачите чувство на перспектива за нивното место во огромниот универзум, поттикнувајќи длабока мисла и размислување“, се вели во соопштението од неговата галерија „Пејс3.

Но, за да се задоволи приземниот уметнички пазар, постои и комерцијална верзија на проектот на Кунс. Галеријата „Пејс“, нуди НФТ на секоја од скулптурите. Во исто време, Кунс произведе поголеми, идентични скулптури од неговите фази на Месечината кои ќе останат на Земјата. Овие скулптури со дијаметар од 40 сантиметри ќе бидат изработени од истиот рефлективен нерѓосувачки челик како неговата најскапа скулптура, Зајакот, од 91,1 милиони долари, а секоја ќе содржи дијамант, сафир или рубин што ќе го означи слетувањето на „Одисеј“.

Фото: Instagram / jeffkoons

Сепак, „Фазите на Месечината“ на Кунс не се единствените уметнички предмети што се нашле на површината на Месечината. Во 1971 година, членовите на екипажот на „Аполо 15“ оставија алуминиумска плоча во чест на 14-те астронаути и космонаути кои загинаа во служба и скулптура на белгискиот уметник Пол Ван Хоејдонк.

Исто така долго време се веруваше дека шест познати уметници – Енди Ворхол, Роберт Раушенберг, Џон Чембрлен, Клас Олденбург, Форест Мајерс и Дејвид Норос – тајно испратиле заедничко уметничко дело на „Аполо 12“ две години претходно. Нивното заедничко парче, „Музејот на Месечината“, е мала керамичка плочка на која има цртежи од секој уметник и наводно останува закачена на дел од ногата на лунарниот модул до ден-денес.

САД се вратија на Месечината

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот