
Властите на грчки остров запреа изградба на хотел за да се спаси позната плажа
Жителите на грчкиот остров Милос ја поздравија одлуката за запирање на изградбата на хотел во близина на една од најпознатите плажи во Грција, јавува „Катимерини“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Општинскиот совет на Милос соопшти дека Одделот за планирање ја откажал дозволата за градење на хотел со пет ѕвезди во близина на плажата „Саракинико“, која е наречена „Месечева плажа“ поради нејзините бели карпи и облик на полумесечина.
Не се поднесени сите неопходни документи за изградбата, се вели во соопштението, во кое се додава дека „нема да има градба на островот без целосно почитување на законот и барањата за заштита на животната средина“.
Проектот „Саракинико“ го води грчка компанија, а властите ја разгледале дозволата за градење иако изградбата веќе е започната.
Со зголемувањето на бројот на профитабилни градежни проекти во туристичките региони, локалните и судските власти во Грција ги засилија контролите за заштита на животната средина.
Во 2019 година, жителите на една населба во Атина добија судски спор против сопственикот на новоизграден десеткатен хотел со пет ѕвездички, кој им го блокираше погледот кон Акропол. По пресудата, министерот за култура нареди рушење на најгорните два ката од хотелот, што е закажано за 2027 година.