Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Владо Јаневски раскажа уште една љубовна приказна: „Јас сум уморен од чекање да сретнам некој кој ќе ме разбере …“

„Јас уморен од чекање да сретнам некој кој ќе ме разбере, што ќе дојде, а нема да си замине …“, се дел од стиховите на новата љубовна приказна која пејачот и кантавтор Владо Јаневски ја раскажа во својата нова песната „Засекогаш твој.

Ова е уште една прекрасна љубовна песна која Владо ја сними во НБ студио – Загреб и во Ентерпрајз – Скопје. Музиката и текстот се на Јаневски, а аранжманот на Никша Бартош.

Инаку, Владо неколку години наназад живее во Гевгелија каде како што изјави, го најде својот мир и спокој. Изминатата година ја одбележа со неколку значајни настапи, а концертот кој требаше да го одржи на 27 декември 2024 година, го презакажа за оваа пролет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!