
Владина делегација положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид
Во чест на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.
На настанот организиран со високи државни почести, цвеќе положија и официјални делегации од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците од НОАВМ, на дипломатскиот кор, претставници на политички партии и други институции.
Владата на Република Северна Македонија годинава, преку низа настани, организира свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Охрид со кои се оддава чест за нивната непроценлива хуманистичка и просветителска мисија.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
5мин
-
29мин
-
47мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5