Седница на Советот за координација / Фото: Влада на РСМ

Владата одлучи да не се зголемуваат платите на функционерите, покачувањето од 78% останува

На денешната 38-ма седница, Владата одлучи дека нема да се зголемуваат платите на избраните и именуваните функционери, а на сите државни институции им препорача годинава да не исплаќаат 13-та плата. Наспроти предизборните критики кон потегот на претходната влада за зголемување на платите на функционерите за 78 отсто и ветувањето од партиите кои ја освоија власта дека ќе ги вратат функционерските плати на претходното ниво, владината портпаролка Марија Митева денеска не го ни спомена тоа ланско покачување.

„Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите на избраните и именувани лица, судите, членовите на судски совет, јавните обвинители и на членовите на совет на јавни обвинители и за таа цел ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда, секој во своја надлежност да достават изменување и дополнување на законите, на тој начин што ќе се изврши намалување на утврдените коефициенти за пресметка на платите, се со цел да не се направи дополнителна штета“, велат од Владата.

„Односно, актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избрани и именувани лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“, рече портпаролката Марија Митева.

Обезбедени се околу 1 милијарда денари во билансот на буџетот за исплата на К-15 што е законска обврска за сите работодавачи и како Влада ќе ја исполниме оваа обврска во текот на месец декември.

Владата донесе и одлука со која препорачува на сите органи на државната управа, со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот да не се врши исплата на 13та плата за 2024 година како би успеале да обезбедиме фискална стабилност без преголеми оптоварувања врз средствата на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот