Влада на РМ- зграда / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Владата конечно ги објави советниците на Мицкоски – меѓу нив поранешни обвинети и директори на УБК

Владата ги објави имињата на надворешните советници кои го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, но не и нивните хонорари по критиките во јавноста дека со месеци не се објавуваа.  „Слободен печат“ од август ги бараше нивните имиња официјално по слободен пристап за информации од јавен карактер, а владата не ја зеде предвид ниту одлуката на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер информациите да се достават.

Меѓу имињата на советниците се најдоа и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски кои беа обвинети, но на едниот му застаре делото, а другиот беше амнестиран. Исто така има и двајца поранешни директори на УБК, Љупчо Андоновски и Горан Николовски.

М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки

Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима

Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот