плоштад скендербег
Плоштад „Скендербег“, Фото: Слободен печат/Дестан Јонузи

Владата ќе гради подземна гаража од 20 милиони евра кај плоштадот „Скендербег“

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на прес-конференција објави дека Владата на денешната седница одвоила 20 милиони евра за изграба на подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Меџити посочи дека новата гаража ќе има 371 паркинг места распоредени на две подземни нивоа со вкупна површина од повеќе од 13.000 квадратни метри.

„Во подземната гаража ќе бидат обезбедени и адекватни паркинг-места за лица со посебни потреби. Со таа инвестиција се заокружува плоштадот „Скендербег“ и се демонстрира нашата посветеност кон решавање на инфраструктурните предизвици со кои се соочува нашиот главен град, Старата скопска чаршија, општина Чаир и општина Центар“, рече Меџити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот