Владата им нареди на 200 државни институции да си го платат тоа што го борчат за струја и парно – вкупно 16 милиони евра!

Околу 200 државни институции, меѓу кои министерства, универзитети, агенции, јавни претпријатија, болници во сите градови, клинички центри, Службата за општи и заеднички работи на владата, пошта, железници, општините, студентските домови – сите се задолжени од Владата да си ги платат долговите за струја и парно кон ЕСМ во износ од фрапантни 16 милиони евра, објави „Телма“.

Владата ги задолжила сите институции да си ги подмират долговите, а од документот до кој дошла институцијата се гледа дека се повеќе од 200 институции.

Рокот до кој треба да се плати износот е три месеци од денот на донесувањето на владиниот заклучок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот