
Владата ги демантира СДСМ и Левица: Набавката за техничка опрема е законска и транспарентна
Владата ги демантира тврдењата на СДСМ и Левица за наводна незаконска набавка на опрема за симултан превод и аудио и видео поддршка на настани. Во соопштение од владината прес-служба се наведува дека станува збор за „конструктивни лаги и инсинуации“ и обид за манипулација на граѓаните.
Препорачано
– Се работи за јавна набавка која со години наназад се спроведува, а денес се реализира во согласност со законските процедури и принципите на транспарентност. Договорот е склучен за период од две години и исплатата ќе се врши исклучиво врз основа на реализација, а не однапред фиксирана сума – посочуваат од Владата.
Во реакцијата се додава дека во 2023 година Владата предводена од СДСМ и ДУИ склучила договор во вредност од 30 милиони денари без ДДВ, без рамковна спогодба, со што буџетската обврска била однапред преземена.
– Јавноста треба да знае дека денес транспарентноста и отчетноста се единственото начело на работа на Владата. Нема повеќе тајни зделки и договори ‘во четири очи’. Нашата обврска е пред граѓаните – чесна, транспарентна и одговорна власт која не се крие зад манипулации, туку нуди решенија – се вели во реакцијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
12мин
-
16мин
-
32мин
-
32мин
-
36мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5