
Владата демантира дека Буњаку е одговорен за македонските навивачи на ЕП
Наумче Мојсоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт е единствениот координатор на Телото за поддршка на настапот на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Препорачано
Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира медиумските написи дека Омер Буњаку, член на Кабинетот на првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците е одговорен за македонските навивачи на претстојното фудбалско првенство ЕВРО 2021.
Координатор на работното тело формирано од Владата и одговорен за поддршка при организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на Македонската фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2021 е директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски.
Мојсоски го води Владиното координативно тело составено од претставници на повеќе институции како Владата, кабинетите на премиерот и првиот вицепремиер, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство, Службата за заеднички работи при Владата, Градот Скопје, Националниот радиодифузен сервис, Медиумската информативна агенција, Олимпискиот комитет и други.
ФФМ: Над 10.000 барања за влезници за натпреварите на Македонија на ЕП
Владата ја информира јавноста дека Македонската репрезентација која ќе учествува на Европското првенство во фудбал ја има целата поддршка и Координативното тело работи во полн капацитет за да обезбеди поддршка на сите процеси поврзани со меѓународните односи, безбедноста и промоцијата на фудбалерите. Во рамки на телото не постои позиција “координатор за навивачи” и од тука Владата дава целосна поддршка на сите форми на организација, на навивачките групи, на
Федерацијата и на сите чинители да дадат максимум во капацитет и содржина за највисоко меѓународно и домашно ниво на претставување на македонскиот фудбал.
– Членовите на фудбалската репрезентација на Република Северна Македонија ја имаат поддршката од Владата, владините институции и од сите граѓани на нашата земја. Да им посакаме среќа на нашите спортски херои, кои докажаа дека умеат да дадат сѐ од себе и да нѐ обединат кога се радуваме на нивните успеси! – соопштуваат од Владата.
ФОТО: Пендаровски му подари дрес од македонската репрезентација на папата Франциск