Фото: Општина Аеродром

Вкупно 30 вреќи ѓубре собрани на потегот од паркот „Авион“ до паркот на последна 5-ка

Пролетна акција за чистење во Општина Аеродром

Викендов на територија на Општина Аеродром беше реализирана пролетна акција за расчистување на дел од јавните површини.

– Во соработка со извидничкиот поречански одред Галеб собиравме отпадоци на потег од паркот на авиончето до паркот на последна петка. Епилогот на оваа еко акција за расчистување на кејот се собраните 30 вреќи со отпадоци, а отсега планираме ваквите еко акции да станат редовна пракса. Местото на градоначалникот и општинските служби е на терен, па затоа освен еко акциите ќе организираме и средби со граѓани низ целата Општина. Воедно, во оваа пригода испраќаме порака да се зголеми општествената одговорност кај аеродромци и отпадот да завршува каде што му е местото. Заеднички да се грижиме за она кое припаѓа на сите нам и да се грижиме за почиста средина – истакна градоначалникот на Општина Aеродром Тимчо Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот