Фотографија: Промо

Виртуозот на гитара Мухамед Ибрахими ќе одржи концерт во малата сала на Филхармонија

Во камерната сала на Филхармонија, на 6 ноември, со почеток во 20 часот, гитарскиот виртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт, кој е во организација на „Баги Комуникации“.

– Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, доста интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо – истакнуваат од „Баги Комуникации“.

Специјални гости на Мухамед на концертот ќе бидат Агни Авшар, Ратко Даутовски и Бобан Мирковски.

Инаку, Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата „Бла бла бла“, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници.

За себе вели дека е самоук, дека свири од својата 5-та година на различни инструменти, но ако треба да бира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, „Fly“ во 2014 и „Devotion“ во 2019 година. Ова ќе биде втор негов солистички концерт оваа година, а веќе за следната година подготвува нов материјал и нови соработки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!