Фото: Twitter-принтскрин

ВИРАЛНИ СНИМКИ: Дејв Шапел јадеше ќотек на сцена, обезбедувањето го згази напаѓачот

Комичарот Дејв Шапел бил нападнат од маж додека бил на сцената во „Hollywood Bowl“, за време на настанот „Netflix Is A Joke Fest on Tuesday“.

Виралните снимки кои се објавуваат на социјалните мрежи, прикажуваат маж кој истрчува на сцената и го напаѓа комичарот, кој набргу е отстранет од обезбедувањето. На една снимка се гледа како обезбедувањето го тепа напаѓачот.

Шапел не е повреден од овој инцидент, а на друга снимка која кружи на „твитер“ се гледа како напаѓачот се пренесува во амбулантно возило, при што видливи се повреди на неговата десна рака.

Бријана Сакс е жена што била присутна на настанот, која преку нишка на „твитер“ хронолошки раскажа што се случувало:

Шоуто штотуку завршуваше кога човекот скокна на сцената и истрча во Шапел и го фрли на земја. Комичарот буквално само што рече дека сега има поголемо обезбедување поради целата врева од неговите шеги за транс заедницата. Обезбедувањето и другите побрзаа и почнаа да го удираат и клоцаат напаѓачот на Шапел. Само што требаше да ги доведе Талиб Квели и Мос Деф за да настапуваат, а ние во толпата следевме како што се случува. Шапел продолжи додека момчето добиваше ќотек во грб“, пишува Брајана.

„Чист хаос. Тогаш Џејми Фокс излегува со каубојска капа, изгледа апсолутно шокиран, а Шапел се пошегува со тоа што го гази момчето, кое сè уште го тепаат. Квели и Мос Деф настапуваат додека полицијата почнува да пристигнува зад сцената. Кога излеговме од салата и ги извадивме телефоните, полицијата и медицинските лица ја опколија областа, а потоа го качија напаѓачот на Шапел, кој изгледаше како да е врзан во јакна, во амбулантно возило. Членовите на толпата го осудија. Еб*ено лудо“.

Пардон, Џејми Фокс, не излезе со каубојска, туку со полициска капа, се поправи таа.

Пред да биде нападнат, Шапел го заврши своето стенд ап-шоу кажувајќи и на публиката дека „ваквите ноќи се како сон за него“, како и дека способноста да перформира го прават да се чувствува благодарно, заклучи Бријана Сакс.

„Додека напаѓачот го тепаа, Шапел се пошегуваа дека најверојатно е транс маж. Она што беше исто така скоро неверојатно беше тоа што Крис Рок настапи на шоуто и се шегуваше за тоа што му се случи. Откако Шапел беше нападнат, тој се качи на сцената и се пошегува: Дали е тоа Вил Смит?“, сведочи друг очевидец кој присуствувал на настанот.

На овој инцидент му претходи фамозниот оскаровски шамар. Пред помалку од два месеци, за време на доделувањето на годинашните Оскари, познатиот холивудски актер Вил Смит се налути на шегата од комичарот Крис Рок, по што стана од своето столче и му удри шамар на Рок. Неколку дена подоцна, Академијата соопшти дека Вил Смит заработил десетгодишна забрана за присуство на Оскарите.

Шапел пак, минатата година беше мета на критики поради шеги за трансродовите лица, кои беа дел од неговото последно стенд-ап шоу „The Closer“, во продукција за „Нетфликс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!