фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Винисиус Жуниор официјално потпиша нов договор со Реал Мадрид

Реал Мадрид и Винисиус Жуниор официјално ја продолжија соработката која ќе трае до 30 јуни 2027 година.

Бразилецо е член на Реал од јули 2018 на 18-годишна возраст, а на 26 август го имаше дебито за Реал Мадрид Кастиља.

Во шест поминати сезони за првиот тим имаше 235 настапи, со 63 голови и освоени девет трофеи, по два во Ла Лига, шпанскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, и по еден во Копа дел Реј, Лигата на шампионите и УЕФА Суперкупот.

Минатата сезона во финалето во ЛШ го постигна победничкиот гол за „кралевите“ во финалето против Ливерпул (1:0), воедно ја ја доби Златната топка на Светското клупско првенство во Мароко во 2022 година.

Тој, исто така, беше прогласен за најдобар млад играч во Лигата на шампионите 2021-2022 година, и двапати беше именуван во најдобрите 11 во Лигата на шампионите и двапати во најдобриот тим во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот